Кавга меѓу двете кралски јатрви – Кејт Мидлтон и Меган Маркл, ја „забавува“ јавноста со месеци. Сега се појави нова верзија на настаните …
Прашањето на сите прашања за сите кои го следат британскиот кралски двор, а воедно и нивните драми, овие месеци беше – дали Меган Маркл ја расплака Кејт Мидлтон или обратно?
Кирсти Алсоп, позната британска ТВ водителка, инаку блиска пријателка на војвотката Камила, одлучи да ја информира јавноста за новите детали од споменатата драма.
Иако најпрво се појавија информации дека Меган Маркл ја налутила Кејт Мидлтон поради фустанот за малите деверици, па Кејт се расплакала, Меган ги демантираше овие наводи кај Опра Винфри.
Таму таа тврдеше дека Кејт всушност ја расплакала неа и дека по неколку дена се извинила.
Алсоп има своја верзија на настаните. Таа за изјави дека драмата започнала поради обвинувањата дека Меган била груба со персоналот во палатата.
„Кејт никогаш не ги губи нервите, но кога открила дека Меган е груба со вработените во палатата Кенсингтон, и се налутила. Тогаш Кејт почнала да плаче затоа што изгубила контрола, а вистината е дека и однела цвеќе на Меган за да се обиде да ги поправи работите“, изјави Алсоп.
Адвокатката на Меган, Џени Афија, претходно оваа недела коментираше дека нејзината клиентка не бил емоционално сурова кон неколку вработени кои таа наводно ги избркала од палатата и рече дека Меган апсолутно негира какво било насилно однесување.