вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: Анѓушев, Сугаревски и Царовска многу ветуваа, но ништо од тоа не исполнија

Митовска: Анѓушев, Сугаревски и Царовска многу ветуваа, но ништо од тоа не исполнија

Сите ние сме запознаени со проблемот со кој се соочија околу 200 вработени во „Вeибо Груп“ во Крива Паланка, кои што останаа без работа, останаа без неплатени придонеси за пензиско и здравстевено осигурување, неисплатени придонеси за годишен одмор, несплатени прекувремените вработувања и неисплатен К-15. Вицепремиерот Кочо Анѓушев многу пати во јавноста ветуваше дека ќе даде поддршка за вработените, но повторно ништо од вашето ветување, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска на денешната собраниска седница.

Пратеничката Митовска упати прашање и до министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски- до каде е  ветувањето кое што го дадовте во предизборниот и послеизборниот период, а тоа е реконструкција на магистралниот пат Крива Паланка- Деве Баир? Но, за жал денеска не гледаме ништо од она што е ветено.

Во врска со најранлвивата категорија на граѓани, пратеничката Митовска истакна дека владата на СДСМ и министерката Мила Царовска им го скратиле покачувањето на социјална парична помош и постојана парична помош.

-Корисниците на социјална парична помош и постојана парична помош многу добро знаат дека претходната влада практикуше покачување од 5% и на социјална парична помош и постојана парична помош. Вакво покачување имаше во јули 2014 година, јули 2015 и јули 2016 година, подвлече Митовска.

Најнови вести