Ким Кардашијан, светската старлета и инфлуенсерка се потсети на своето детство и објави фотографија со сестра си Кортни.
Фотографијата која за само неколку часа собра преку два милиони лајкови, е ретро исечок од нивното детство во 1994 на кое е напишано „ Баш сме кул“.
Коментарите под сликата се позитивни:
„Колку сте слатки“, „Мора да ги најдеме овие маички“, „Вие две сте преубави од секогаш, неверојатно“, „Ким, иконо“ – се воодушевуваа фановите на коментарите.
Некои пак ја искористија приликата да се шегуваат со Ким – „Пит се родил една година пред сликава“, посочувајќи на нејзиниот 28 годишен партнер, комичарот Пит Дејвидсон, со кој наводно Ким е во врска.
И навистина, младоста е навистина кул и слатка кога ги разгледуваме фотографиите од детството…