вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Владата покажа непознавање на процесот на преговори со ЕУ, а за прашањето со Бугарија се покажа целосно неподготвена

Ѓорчев: Владата покажа непознавање на процесот на преговори со ЕУ, а за прашањето со Бугарија се покажа целосно неподготвена

Дека нема да има термин за старт на преговорите на Македонија со ЕУ беше јасно. Тоа се гледа низ низа на показатели, и наместо нашите да се подготват и да мислат како да се обединат институциите сите чинители во државава и да градиме заедничак позиција овде се прави се само не тоа што треба, рече Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија во емицијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Според него актуелната власт е целосно неподготвена.

„Целиот процес на раководење со надворешната политика се прави лабаво и несмасно. Ние имаме луѓе, ама нивните капацитети не се користат. Наместо тоа се постави една метода ќе потпишеме еден договор и полсе тоа лесно ќе биде, но се покажа дека воопшто не е така“, рече Ѓорчев.

Владатата покажа и неразбирање на преговарачкиот процес и во тој контекст не се направи и анализа на проблемот меѓу Македонија и Бугарија.

„Проблемите меѓу двете држави се ставаа под тепих наместо да се решаваат и сега гледаме што се случува“, укажа Ѓорчев.

Најнови вести