четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Со Владата на СДСМ, Македонија доживеа дебакл во сите области и тоа ЕУ го гледа, затоа нема датум за преговори со Брисел

Ѓорчев: Со Владата на СДСМ, Македонија доживеа дебакл во сите области и тоа ЕУ го гледа, затоа нема датум за преговори со Брисел

Владата треба да сфати дека домашната задача за да се пристапи кон ЕУ е многу јасна и таа треба да ја сработат надлежните во земјава. А ние не сме подготвени во многу области, право, правда, економија. Во сите сегменти во последните 4 години ние доживеавме дебакл, рече Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.

Според него со оваа Влада Македонија само назадува во сите области, не е само проблемот со Бугарија.

Кога станува збор за Бугарија вели дека тоа тешко ќе оди.

„Не верувам дека како што помина Договорот со Преспа ќе помине и со Бугарија, знаете тешко е сам да се поништиш. Не верувам дека било кој пратеник ќе стави крај и ќе рече дека не сме Македонци. Не знам како некој би живеел тука ако потпише такво нешто. Ако се случи такво нешто се негира се македонско“, вели Ѓорчев.

Најнови вести