Кармен Салинас, ѕвездата на мексиканските сапунски серии како „Триумф на љубовта“, „Помеѓу љубовта и омразата“ и „Марија Мерцедес“, почина на 82-годишна возраст, пренесува ABC7.
Семејството на актерката за немилиот настан ја информираше јавноста на социјалните мрежи. Тие рекоа дека Салинас починалa во четвртокот.
Во соопштението се вели и дека подоцна ќе ја информираат јавноста за времето и местото на последното збогување. Семејството им се заблагодари на сите фанови за бројните пораки за поддршка.
Салинас беше хоспитализирана минатиот месец откако доживеа мозочен удар и колабираше во бањата од нејзиниот дом. Оттогаш таа била на интензивна нега во болницата во Мексико Сити.
Кумот на актерката, Хорхе Нието, тогаш изјавил дека Салинас е во кома од која нема да се разбуди.
– Ја посетиле тројца невролози и се договориле дека мозочниот удар направил голема штета. Она што ни го кажуваат е дека повеќе нема да се разбуди, но чекаме какво било чудо, се може да се случи – рекол Хорхе, а пренесува Мемесита.
— Carmen Salinas (@CarmenSalinasLo) December 10, 2021