Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски преку статус на Фејсбук пишува дека во изминативе десетина дена работеле на неколку работи во општината кои се од големо значење за жителите на ова место.
-Во изминативе 10 работни дена, освен секојдневните тековни работи и средби со жителите на општина Брвеница, успешно работевме на:
ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИИ ВО МИЛЕТИНО И ТЕНОВО,
ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛОТ ВО БРВЕНИЦА,
РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТОТ ЗА ГУРГУРНИЦА,
ТАМПОНИРАЊЕ НА ЗЕМЈЕН ПАТ ВО Г. ЧЕЛОПЕК И
УСПЕШНО ЗАПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА НА НОВИОТ КОНЦЕСИОНЕР ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА.
#ПромениПроектиПобеди, стои во неговиот пост на Фејсбук.