четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се намалува водостојот на реките

Се намалува водостојот на реките

Пониско е нивото на реките денеска во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Намален е водостојот на Брегалница и Црна Река, а исто како вчера е нивото на реката Струмица кај Ново Село, додека кај Сушево нивото е пониско за 16 сантиметри. Пониско е нивото и на Вардар кај Јегуновце и Скопје. Единствено повисок водостој за 20 сантиметри е измерен на реката Вардар кај Демир Капија и за пет сантиметри кај Велес.

Водостојот на Преспанското Езеро денеска е на четири сантиметри под апсолутниот минимум.

Најнови вести