вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Прва исповед на Никола Роквиќ по смртта на Маринко: Една година се боревме, знаевме дека шансите се мали

Прва исповед на Никола Роквиќ по смртта на Маринко: Една година се боревме, знаевме дека шансите се мали

Српскиот пејач Никола Роквиќ во интервју за „Стори“ говори за тешката борба на неговиот татко Маринко кој почина на 68 години од рак на панкреасот.

Денеска се навршуваат 40 дена од неговата смрт, а Никола вели дека по неговото заминување чувствуваат многу помешани емоции, сеќавања, но и љубов што го имале како татко, сопруг, дедо и брат.

-Болката е неопислива. Една година се боревме заедно со него против неговата болест и од самиот почеток знаевме дека мали се шансите да преживее. Но, не ја губевме надежта и се водевме по неговата сила, здрав начин на живот кој го водеше, но и неверојатната желба да живот и љубов кон сите нас. Се што можеше исполни во животот. Не’ заштити од својата болка не говорејќи колку му е тешко. Сите направивме се што можевме, но противникот беше посилен. Верувам дека мојот татко сега е на некое поубаво место, вели Никола.

Пејачот открива како реагираат неговите деца на веста дека дедо им починал.

-Деспот во некои моменти беше лут што дедо си заминал, па рече дека ќе стане научник и ќе најде лек против смртта за да го врати дедо. Леона вели вели дека нејзиниот дедо е на небото и бара да оди во црква да се помоли за него. Мама се држи добро.Се трудиме да се сеќаваме на убавите моменти и да не очајуваме премногу, вели Никола.

Вели дека Маринко сосема случајно ја открил болеста и дека немал никакви симптоми. Случајно отишол во болница со роднина и тогаш дознал се, но болеста веќе била во поодминат стадиум. Чудно е вели, Никола што воопштво успеал да поживее уште една година.

Најнови вести