вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во велешката населба Превалец се бетонира дел од улица, наскоро и проект за санација на колекторот за отпадни води

Во велешката населба Превалец се бетонира дел од улица, наскоро и проект за санација на колекторот за отпадни води

Во велешката населба Превалец веќе десетина дена се изведуваат градежни работи за бетонирање на дел од улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри.

Градежните работи ги изведува фирмата „Евро Инженеринг“. Средствата за бетонирање на улицата се обезбедени од Програмата за уредување на градежно земјиште во висина од околу 1.400.000 денари со вклучен ДДВ.

Како што информираат за МИА од Општина Велес, досега работите се завршени 30 отсто, а нивното завршување ќе зависи од временските услови. Воедно, наведуваат дека Општина Велес деновиве потпишала Договор со изведувачот за санација на колектор за одведување на фекални отпадни води во населбата Превалец, во должина од околу 200 метри.

Според општината, градежните работи на овој проект се планираат да почнат до крајот на годинава.