среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намалено нивото на водотеците во Кичевско- Бродскиот регион

Намалено нивото на водотеците во Кичевско- Бродскиот регион

Снегот кој претходниот викенд наврна во Кичевско- Бродскиот регион, не предизвика зголемена хидролошка состојба во овој регион, бидејќи се работеше за леплив снег кој набрзо се стопи, додека, во повисоките реони, поради ниските температури сè уште не се топи, што придонесе реките во Кичевско да го намалат нивото, а тука предничи најголемата река во регионот, колектор за сите водотеци, Треска.

– Иако сите по малку стравуваа дека врнежите од снег од претходниот викенд ќе придонесат водотеците во нашиот регион како пред две седмици брзо да пораснат, што ќе предизвика нивно излевање од речното корито и поплавување во крајречните појаси, сепак, овој снег не беше голема закана за зголемен водостој на реките, потврди и водостојот на река Треска која од 110 сантиметри измерени во вторникот, денеска се спушти на 85 сантиметри со тенденција на натамошно намалување, ако во наредните неколку дена не дојде до поинтензивни врнежи од дожд или снег. Метеоролозите не најавуваат такво нешто, истакна Миле Стојкоски од РЦУК.

Тој посочи дека со опаѓањето на нивото на речните корита почна да се повлекува водата од поплавените површини што деновиве е забележливо, и ако наредните денови нема поинтензивни врнежи од дожд или поинтензивни врнежи на водест снег, тогаш за очекување е водата од поплавените површини целосно да се повлече.

На местото на поплавените површини единствено останува талогот од ѓубре и пластика, што од крајречните депонии ги донесоа надојдените води.

Целосно се отстранети дефектите во елетромрежата и последните села во Поречието. Горно и Долно Ботушје добија електрично напојување.

Најнови вести