недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ТРУДАМ ДА НЕ РАЗМИСЛУВАМ ЗА ТОА! Саша Ковачевиќ проговори за траумите од Германија, со часови го држеле затворен!

СЕ ТРУДАМ ДА НЕ РАЗМИСЛУВАМ ЗА ТОА! Саша Ковачевиќ проговори за траумите од Германија, со часови го држеле затворен!

Пејачот ни денес не знае зошто се случило тоа

Пејачот Саша Ковачевиќ проговори за немилиот настан кога бил затворен во Германија повеќе од 5 часа.

Тој з зборуваше за деталите кои јавноста не ги знае.

– Не спиевме пет дена. Решивме да направиме мини филм, потребно е време да се организира, продуцира и сé. Не го заболе само тато главата од цифрата на спотот, нé заболе сите, туку познати сме по тоа што инвестираме во квалитетни видеа… – вели пејачот и продолжува за апсењето.

– Сé уште се прашувам која е причината. За среќа, не бевме уапсени, но подобро ќе беше да не уапсеа бидејќи ќе имавме подобри услови во затворот. Се трудат да бидат професионални, тоа е нивно право, но тоа е спротивно на некои норми… Ако не си вакциниран со одредена вакцина, немаш одредени права во некои земји. Бев затворен во соба 5 часа, со мојот бенд. Одбив да влезам во нивната земја, се вратив со првиот авион. Не ни дадоа објаснување и на тоа остана. Се трудам да не размислувам за тоа – открива Саша Ковачевиќ.

Најнови вести