Режимот на СДСМ/ДУИ пресуди над 200 години затвор заради изјавата Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците. Над 200 години затвор, Нинџа помилуван од Пендаровски на предлог на Маричиќ и на Заев. Ова е сликата за неправото и неправдата во Македонија со СДСМ/ДУИ, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Помилувањето на Нинџа доаѓа на барање на министерот Бојан Маричиќ, чие што министерството за правда на Бојан Маричиќ овој документ го има испратено до кај Стево Пендаровски! Обидот за префрлање на вината е лага, СДСМ, Заев, Маричиќ и сите други инволвирани, точно знаеле што прават и кој се е на списокот за помилување. Ова е цената за изјавите и сведочењата на Нинџа за над 200 години затвор! Изјавите на Василевски Нинџа беа клучен и наводно несоборлив доказ за обвинителството и за судот за спроведување на политички прогон. И тоа беше улогата и употребната вредност на Александар Василевски-Нинџа. Желбата и намерата на СДСМ/ДУИ да го помилува Нинџа е доказ за сите наводи и посочувања за монтирани случаи, за некредибилност на постапката, за некредибилност на доказите, некредибилност на сведочењата и целосна некредибилност на сведоците, што всушност беше оспорувано и докажувано и во текот на политички монтираните судски процеси, вели Стоилковски.
Тој додава дека ќе повторам, луѓе се затворени на над 200 години затвор врз основа на изјава на Нинџа, крунскиот сведок за политичките кариери на Русковска и Кацарска, а Нинџа осуден за тероризам е на чекор до ослободување.
-Да потсетам, Александар Василевски-Нинџа е осуден зa тероризам! Има најмала пресуда, а апелација му ја намали, па користи и право на викенди, сабота и недела ги поминува надвор од затворот. За Македонија нема ништо полошо од СДСМ и ДУИ, вели Стоилковски.