недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовска: Како претседател на ЗЕЛС ветувам дека заедно со градоначалниците ќе ги застапуваме интересите на граѓаните

Арсовска: Како претседател на ЗЕЛС ветувам дека заедно со градоначалниците ќе ги застапуваме интересите на граѓаните

Ви се заблагодарувам денеска што сте тука на конститутивното Собрание кое што се одржа на ЗЕЛС. Би сакала да ве информирам дека ЗЕЛС како организација која што ги обединува сите 81 општина во Македонија , денеска Управниот одбор практично ми ја даде едногласно својата доверба во следниот четиригодишен мандат да го водам ЗЕЛС како негов претседател. А, едновремено избрани беа и двајцата потпретседатели и тоа господинот Висар Ганиу кој што е градоначалник актуелен на општината Чаир, и градоначалникот на општината Валандово Перо Костадинов“, истакна Данела Арсовска, градоначалничка на град Скопје денес при својата изјава за медиуми.

Арсовска додаде дека она што е значајно е дека при состанокот се дискутираше дека во текот на четиригодишниот мандат ќе се посветат сите поинтензивно на децентрализација која што се одвива повеќе години наназад. И овој процес треба до следниот четиригодишен период да обезбеди поголема финансиска стабилност на локалната власт и секако преземање на нови и поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа.

-Верувам дека ќе имаме можност да покажеме и да докажеме како ЗЕЛС, како организација која што ги обединува сите 81 општина во Македонија дека ќе можеме како и денешниот ден едногласно да ги носиме одлуките, да ги застапуваме интересите на граѓаните кои што сега во овој момент ни ја дале својата доверба и дека ќе овозможиме во следниот четиригодишен мандат да ги реализираме сите проекти, појасни Арсовска.

Најнови вести