недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот лидер на СДСМ: Ковачевски треба да направи избори од нови луѓе

Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот лидер на СДСМ: Ковачевски треба да направи избори од нови луѓе

Министерот Оливер Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, и дека се потребни нови луѓе со нови визии.

Ова Спасовски го кажа вечерва од студото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“, додавајќи дека Ковачевски треба да направи избор од нови луѓе кои ќе му бидат блиски соработници.

– На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим.

На прашањето на новинарот дали ова значи ли ова дека нема да биде дел од новото раководство на СДСМ тој одговори:

– Јас го кажав како став, што сметам јас. Дека треба можеби нови луѓе, луѓе кои се граделе низ структурите на партијата, луѓе кои имаат една поинаква визија, а ние ќе бидеме тука да направиме еден чекор на растењето на СДСМ.

Најнови вести