Речиси нема некој кој не се сеќава на Марија Сердар која на 13 години победи во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“.
Таа по победата вети дека ќе ослабе и ќе му се посвети на својот изглед, а сега конечно успеа во тоа.
Судејќи по нејзините фотографии на социјалните мрежи се забележува дека Марија драстично ослабела и го променила својот изглед, а многумина не ја препознаа на прв поглед.
Таа инаку со својот раскошен глас низ целата сезона предизвика многу солзи и кај жирито и во публиката, а многумина се сеќаваат и како пејачката Јелена Томашевиќ плачеше во една прилика додека Марија пееше.