петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мишо Ковач ја победи борбата со коронавирусот, Божиќ ќе го помине дома

Мишо Ковач ја победи борбата со коронавирусот, Божиќ ќе го помине дома

Мишо Ковач успеа да се избори со коронавирусот и беше пуштен дома на Божиќ, пишува „Слободна Далмација“.

Пејачот моментално е во изнајмен стан во Строжанац, со сопругата Лидија, каде што престојува веќе неколку месеци и каде го поминува Божиќ со семејството.

Да потсетиме, Мишо во средината на декември заврши во болница поради инфекција со коронавирусот. Пејачот потоа била пуштен на домашна нега, но следниот ден веднаш бил хоспитализиран поради треска.

Извесен период бил на кислород, а неговата сопруга Лидија, како и неговата ќерка Ивана биле заразени.

Инаку, Мишо кон крајот на минатиот месец беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се посомневаа на пневмонија. На крајот се покажало дека нема пневмонија, па музичарот е пуштен дома по антибиотска терапија.

Најнови вести