МВР во својот полициски билтен информира дека се интервенирало по пријава за тепачка во просториите на Општина Бутел, без да се наведе дали станува збор за вработени или пак за странки.
– На 24.12.2021 во 15.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во простории на општина Бутел, по претходна рсправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресмтка помеѓу А.К.(40) и В.В.(28), двајцата од Скопје, се вели во полицискиот извештај.
Сочинати се записници за констатиран прекршок.
КУРИР од свои извори дознава дека тепачката се случило во подрачната единица на Министерството за финансии која е под кирија во општинската зграда во Бутел. Тепачката се случила меѓу адвокат со вработен во подрачната единица.