Пејачката Индира Радиќ е присутна долги години на естрадата, но ретко кој знае дека пред да стане позната се занимавала со сосема поинаков бизнис.
Имено, иако пеењето отсекогаш и било љубов, нејзината мајка мислела дека Индира треба да најде некоја „посериозна занимација“ за себе.
– Најмногу поради мајка ми, која не сакаше да станам пејачка, се запишав на медицински факултет. А далечината ми беше проблем. Најблиското музичко училиште беше во Бања Лука, но тој град е оддалечен речиси шеесет километри од Драгаловац. Од друга страна, Добој, кој е речиси половина поблиску, имаше само медицинско училиште. Избрав да патувам секој ден, но да спијам дома – изјавила Индира.
Подоцна работела како медицинска сестра во Загреб.
– Имам убави спомени од работата во болница во Хрватска. Колегите ме сакаа многу поради мојата непосредност. Не ја запоставив музиката, постојано пеев, и на пациенти и на колеги. Со некои останав во контакт до ден денес – изјавила пејачката во таа прилика.