недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тошиќ максимално дотеран во друштво на занесна русокоса и колешка на Карлеуша: Еве каде уживаше фудбалерот (ФОТО)

Тошиќ максимално дотеран во друштво на занесна русокоса и колешка на Карлеуша: Еве каде уживаше фудбалерот (ФОТО)

Фудбалерот Душко Тошиќ во Белград уживаше во друштво на атрактивната русокоса, но и на колешка на неговата сопруга, поп ѕвездата Јелена Карлеуша.

Имено, Тошиќ беше на церемонијата на Фудбалскиот сојуз на Србија на која беа доделени награди на истакнати спортисти. За оваа пригода беше максимално дотеран, во елегантен костум и сако со риги.

Со оглед на тоа што таа вечер два пати се сликал со две исти дами, нема сомнеж дека поголемиот дел од времето на церемонијата го поминал со нив.

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ, инаку добра пријателка на Јелена, ја сподели сликата со Душко и Снежана Стојковиќ, сопругата на Драган Стојковиќ Пикси, кој беше прогласен за најдобар српски тренер во 2021 година.

Тие најпрво позираа покрај елката, Драгана во елегантен костум, додека Снежана облече заносен фустан, а меѓу нив застана Тошиќ.

Драгана потоа сподели фотографија од хотелската сала, направена на масата, каде сите се насмеани и несомнено уживаат во друштвото.

– Свеченост на Фудбалскиот сојуз на Србија. Драги пријатели Душко и Снежана – напиша пејачката со објавите.

Најнови вести