понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најстудено утрово на Попова Шапка- еве какво ќе биде во текот на новогодишната ноќ

Најстудено утрово на Попова Шапка- еве какво ќе биде во текот на новогодишната ноќ

Најниска темепратура утрово во земјава е измеренеа на Попова Шапка од -3 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, следат Маврови Анови, Тетово, Штип, Струмица со -2 степена, -1 Крушево, нула степени во Претор, Битола, Виница, Прилеп, Дебар, Скопје – Петровец, 1 Крива Паланка, Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Скопје – Зајчев Рид, 3 Куманово, 6 Дојран, 8 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 7 часот утрово од еден литар на метар квадратен е изменерен само во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, температурите само понекаде ќе се спуштат до 0°С. и ќе има услови за појава на магла во котлините. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до краткотрајно умерена облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Најнови вести