Не сакам да ми кажуваат дека треба да се бојкотира Парламентот, дека треба да бидеме насилни, тоа не е решение. Тоа е одлична можност да им ја продолжиме кариерата на овие кои што се сега на власт. Тоа не е решение, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на Алфа телевизија коментирајќи за штетните договори во однос на спорот со источниот сосед.
Мицкоски додаде дека потребен е друг пристап, треба да се понуди друг пристап на кој што ќе се зборува.
„Ако ми понудат друг пристап на кој што ние би зборувале и би дошле до целта подготвен сум ги слушнам. Во спротивно таа е нашата политика, да ги користиме сите демократски алатки кои што ни стојат на располагање да го спречиме тоа. Имавме низа протести во минатото и цениме дека јавното мислење на кое што е негативно кон таков тип на решение и те како допринесе за да досега не потпишат таков авантуристички договор. И ќе ве потсетам на интервју на Зоран Заев даден за оној бугарски медиум кога наеднаш од окупатори станаа администратори и ослободители“, рече Мицкоски.
Мицкоски потсети дека по интервјуто на Заев, ВМРО-ДПМНЕ излезе на улица и така се спротивстави на штетните политики и изјави на оваа власт.