понеделник, 25. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, возачи внимавајте со брзината

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, возачи внимавајте со брзината

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 км пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри поради свлечиште и голем одрон. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)

Најнови вести