среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маркова Велинова: Зошто во месец ноември не се донесе уредба за кризна состојба на гасот како за снабдувањето со електрична енергија?

Маркова Велинова: Зошто во месец ноември не се донесе уредба за кризна состојба на гасот како за снабдувањето со електрична енергија?

Навистина се случуваат рестрикции, имено донесени се мали измени на правилата за снабдување на мрежните правила за топлинска енергија по барање на БЕГ во која е внесен ,,Анекс 5,, каде што се вели дека постои можност за оптимизиран режим на топлинска енергија, истакна претседателката на комисијата за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова Велинова во вечерашното гостување во ,,Анализа 24,, на Телевизија 24.

Оптимизираниот режим значи истата топлина која што ќе е испорачана до граѓаните да биде со продолжен период на греење и да се обезбеди конфорт на греење. За жал ова што денеска го гледаме во пракса воопшто не е оптимизиран режим, бидејќи 20+1 од 6 часот наутро до 22 часот навечер не е исполнето, посочи Маркова Велинова.

Таа додаде дека ако уште во месец ноември можеше да се донесе уредба за кризна состојба за снабдување со електрична енергија, зошто исто такво нешто не се направи и за гасот?

Ние сега имаме кризно електро енергетска состојба а имавме и домашни ресурси, имавме и јаглен. Ако работеше ЕЛЕМ како што треба можеби немаше да има потреба толку пари од буџетот да се одлеваат за да се покрива неработењето на ЕЛЕМ, истакна Маркова Велинова.

Маркова Велинова посочи дека многу порано требаше да се реагира за да не се дозволи вакво нешто и за да не може БЕГ да биде ставен во една ситуација во која наместо реалната цена по која што сега ќе купува да му се признава 350 долари за метар кубен.

Ваквиот начин на регулирање ќе направи проблеми со работењето на компанијата во иднина и уште повеќе ќе ја продлабочи недовербата на скопјани кон централниот систем за испорачување на топлинска енергија за греење, заклучи Маркова Велинова.

Најнови вести