Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 15.01.2022 година направи увид на почетокот на градежните работи за изградба на нови пешачки патеки во населба Железара.
За посетата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
“Утрово започнаа градежните активности за изградба и реконструкција на пешачки патеки во Железара. Општина Гази Баба со изградбата на голем број на пршачки патеки ќе овозможи подобри и побезбедни услови за движење на пешаците. Иградбата на пешачки патеки со павер елементи ќе продолжи во следниот период во повеќето населени места во општина Гази Баба” – напиша Стефковски.
Фејсбук статус на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.