среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Хороскопски знаци кои воопшто немаат смисла за хумор

Хороскопски знаци кои воопшто немаат смисла за хумор

Не сите сме родени со добра смисла за хумор, згора на тоа, многу луѓе воопшто немаат смисла за хумор, иако мислат дека ја имаат.

Ако и се верува на астрологијата, смислата за хумор во голема мера зависи од хороскопскиот знак во кој е родена личноста, а шест знаци се издвојуваат меѓу оние чии шеги едноставно не можат да се наречат шеги, пишува YourTango.

Еве за кои знаци станува збор.

Рак

Ракот сфаќа сè премногу сериозно и се поставува себеси премногу зрело во секоја ситуација. Животот понекогаш бара сериозност, но ако не можеш да се насмееш, барем понекогаш, животот ќе биде тотална досада и сите ќе те сметаат за намќор.

Шкорпија

Шкорпијата ќе се обиде да се пошегува, но речиси никој нема да ја разбере таа шега бидејќи со нив никогаш не знаете што тие навистина мислат. Дали се сериозни или не? Нивните шеги често звучат како навреди и можат да ги повредат другите.

Стрелец

Стрелците ќе се шегуваат за да привлечат внимание, но нема да размислат двапати пред да кажат нешто. Како и во случајот со Шкорпијата, нивните обиди за хумор често звучат сосема поинаку.

Јарец

Јарците се ладни како месецот во кој се родени, а тоа важи и за нивната смисла за хумор. Не сакаат премногу да се забавуваат, па дури и кога ќе се пошегуваат, луѓето мислат дека се сериозни.

Девица

Девиците се премногу фокусирани на други аспекти од животот за да бидат заинтересирани за смислата за хумор. Тие едноставно не се грижат за тоа. Не разбираат шеги и не сакаат да ги прават. Тоа едноставно не е за нив.

Овен

Овните се многу тврдоглави и многу често не знаат да прифатат шега, особено на своја сметка. Сè сфаќаат премногу сериозно и тешко дека ќе ги слушнете како се смеат на туѓите шеги.