Димитар Ковачевски е непознат за јавноста, не добил поддршка од граѓаните на избори, ама добил доверба од Заев и затоа прифатил да биде премиер, да води влада без легитимитет, а не се соочил со политички противик, рече Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на вториот ден од расправата за состав на Влада предводена од Димитар Ковачевски.
-Ковачевски ниту во неговото излагање не се задржа на ниту еден проект. Тоа е така затоа што нема таков во програмата. Со тоа потврди дека помеѓу него и Заев ќе стои знак равенство. Но, СДСМ и се е можно и ова само во Македонија е можно, посочи Лашкоска.
Според неа и оваа Влада како и претходната е „во живата кал во која тоне СДСМ и за Владата е едно сигурно дека ќе потонат пред да освестат дека се Влада“.
Лашкоска им порача на помалите партии од владеачката коалиција да размислат дали да го поддржат овој состав на Влада.
„Оваа Влада е континуитет на онаа која донесе само порази, висока корупција, која нема контрола на здравстената криза, економијата тоне. Оваа Влада е континуитет на Владата која ги предизвика сите кризи и токму и од оваа не може да се очекува решение“, рече Лашкоска.
Пратеничката посочи дека во оваа Влада има само ротација на кадри и ништо ново. Во тој контелст спомна дека Маричиќ кој како што рече нарачуваше пресуди и ги кажуваше пред да ги каже судот ќе ги води евроинтеграциите. Го спомена и Спасовски кој останува на чело на МВР кое не најде сила да реши ниту еден предмет, ниту оној со пасошите, ниту криминалот на Ден Дончев за кој не се знае ниту каде е.
„Во време на претходната Владата министрите ја сместија Македонија на 111 место по корупција и наместо да бидат казнети тие остануваат и во оваа Влада. Или вицепремиер за борба против корупција беше Николовски сега е само ротиран во министерство“, кажа Лашкоска.
Оттука според неа од оваа влада не се очекува подобрување ниту во еден сектор.
Лашкоска на крајот од своето обраќање го повика Ковачевски да не биде послушник на Заев посебно во надворешната политика, бидејќи тој спроведуваше особено погубни политики за Македонија во овој сегмент.