Иако последните години живееше во Словенија со својата невенчана сопруга Барбара, Аки Рахимовски ќе биде погребан во Загреб.
Како што дознава „Вечерњи“ од извори блиски до семејството, погребот најверојатно нема да биде пред средината на следната недела, затоа што ситуацијата со коронавирусот дополнително ги комплицира работите.
Имено, официјалната причина за смртта на Аки ќе биде позната дури по обдукцијата, а пред да се случи тоа е речиси невозможно да се планира нешто конкретно.
Прашање е како ќе изгледа се со оглед на бројот на заразени со коронавирусот, па не се препорачуваат поголеми собири.
Сигурно ќе има голем број пријатели, но и фанови кои ќе сакаат за последен пат да се простат од легендарниот пејач.
Да потсетиме, Аки пред неколку дена беше опериран и му биле вградени четири стента во една загрепска клиника. Сите околу него верувале дека ова е крајот на сериозните здравствени проблеми.
Затоа Аки се вратил во Словенија, но судбината, за жал, одлучила поинаку и тој починал вчера во Ново Место, Словенија .
Причината за смртта сè уште не е официјално позната, но Аки и претходно имал здравствени проблеми.