петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партизацијата во МНР продолжува: Луѓе блиски до СДСМ и без никакво дипломатско искуство се нагарадуваат и испраќаат на мисии во странство

Партизацијата во МНР продолжува: Луѓе блиски до СДСМ и без никакво дипломатско искуство се нагарадуваат и испраќаат на мисии во странство

Еден од најголемите бранители на политиките на Владата, Драган Алчинов со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев бил вработен во МНР и станал дел од екипата на тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Алчинов во МНР е доведен на барање на највисоки функционери на СДСМ со цел да го советува министерот за геостратешки прашања пишуваа пред неколку години медиумите повикувајќи се извори во владеачката партија кои биле незадоволни што неискусниот Алчинов кој веќе е дел од дипломатијата.

Токму, пред некој ден на изборен конкурс од МНР, токму Аличанов и уште неколку други лица блиски до врвот на владејачката партија се избрани за за претставници во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.

Имено, Аличанов е избран за пополнување на место во групата на секретарски звања во амбасадата на Република Македонија во Софија. Драган Алчинов е дел од мешовитата комисија со Бугарија, како и зошто е таму, никој не знае. Нема соодветно дипломатско звање нити пак соодветен безбедносен сертификат за да биде присутен на состаноците.

Како што пишуваа неодамна медиумите токму Аличанов заедно со амбасадорот Белевски наводно вршеле притисок, ги малтретирале и им се заканувале на професорите од македонската историска комисија. Дали ова е награда за тоа останува времето да покаже.

Бони Цветановска, избрана за на мандат ПМ при МО во Виена. Нејзината мајка е многу блиска со поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, и истакнат член на СДСМ.

Цветановска всушност е во МНР веднаш по смена на власта, како кадар од невладиниот сектор, како десна рака на Виктор Димовски.

Исто така за ДКП во Братислава е избран Миле Долдуров, а мандат добива и неговиот вујко Марјан Поп Ангелов во ПМ при РМ во Виена.

Додека граѓаните се мислат како да скррпат крај со крај и да ја надминат кризата во која не втурна владата предводена од СДСМ, пред нова година, токму овие три „дипломати“ блиски до владејачката партија, од страна на министерот Бујар Османи биле наградени со додаток плата за „успешна работа“ во наредните шест месеци.

Најнови вести