Родителите на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообракајката кај Сити мол, нејзиното момче кое беше полесно повредено, како и роднини и пријатели, во недела ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.
Нивниот адвокат, Владимир Михајловиќ вели дека ова е во знак на револт за она што се случува по сообракајниците низ земјава и очекуваат поддршка од граѓаните.
Кривичниот суд по жалбата од одбраната одлучи 21-годишниот возач да остане во притвор, објави телевизија Телма.