Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, вечерва во Топ Тема во Телма Телевизија, во врска со прашањата поврзани со Бугарија , му посочи на пратеникот од СДСМ Дарко Каевски дека СДСМ нема црвени линии, затоа што лидерот како што го нарекувате „Тито“ , велеше дека Македонците и Бугарите се еден ист народ и зборат ист јазик, а Димитров кој беше дел од процесите посочил дека и се дозволило се на Бугарија, без да се добие ништо за возврат.
Вие немавте црвени линии, затоа што ставот на вашиот лидер како што го нарековте сличен на Тито велеше дека Македонците и Бугарите се еден народ, ист јазик се зборува во Петрич и во Струмица и дека црвените линии се дека Бугарите биле администратори во Втората Светска војна, така да тоа се црвените линии на СДСМ, вели Андоновски.
Што се однесува до заштита на македонските национални интереси тоа секогаш било ВМРО-ДПМНЕ вели Андоновски, а СДСМ само подржа резолуција која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи и тоа е факт, појасни тој.
Димитров сам ви кажа, две прашања веќе им дозволивте на Бугарите без ништо да добиете за возврат, тактиката според него повторувам тој е човекот кој се огласи дека не постои македонско малцинство во Грција, кој ги предаде Македонците во Грција, ви вели им дадовте премногу на Бугарите, тоа не го кажа ВМРО-ДПМНЕ, туку ви го кажуваат луѓе кои беа дел од креирањето на процесите, критикуваше Андоновски.