петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Заев му остави на Ковачевски да преговара за историјата и тој само го продолжи тоа, а владата нема стратегија и се налепи на бугарската

Ковачки: Заев му остави на Ковачевски да преговара за историјата и тој само го продолжи тоа, а владата нема стратегија и се налепи на бугарската

Истата еуфорија која се случува и сега, ја видовме и во 2017 година, тогаш Борисов беше првиот премиер кој ја посети Македонија, се потпишуваа меморандуми, договори и практично тој договор што тогаш се потпиша е изворот на сегашните проблеми. Заев тогаш не убедуваше сека сите проблеми со соседите се затворени, гледаме дека не се затворени и имаме блокада, изјави за Анализа на ТВ, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ковачки истакна дека ветото дојде како резултат на ставањето на историјата во политичко правна рамка, форма, каде што историјата доби легалитет на политиката и да се преговара за неа.

– Тоа не треба да биде, бидејќи едно е да разговарате за инфраструктура, гранични премини, патишта, телекомуникациско поврзување, економија, трговија работи кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Меѓутоа сите знаеме дека проблемот лежи во историјата, идентитетот на македонскиот народ, неговата етногенеза, култура и тоа е најголемиот проблем кој му го остави Заев на Ковачевски, а тој само го продолжува тоа, изјави Ковачки.

Ковачки нагласи дека проблемот е што владата се залепи на бугарската стратегија, и не седна да направи македонска стратегија со која ќе ги водат преговорите, а опозицијата и пратениците, како и граѓаните не се информирани што се преговара.

– Во моментов пратениците не се информирани за што се преговара со Бугарија, што содржи 5+1, од медиумите слушаме што се преговара, сите тие работи треба да се преговараат во институциите па да се излегува на надворешен план, рече Ковачки.

Најнови вести