петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници

Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на 6 им се изречени казни.

Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота, и изречени се 3 казни за прекршување на Законот за јавна чистота.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, информираат преку соопштение од Град Скопје.