недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Влажни коловози на патиштата, слаб снег на Ѓавато и Попова Шапка

Влажни коловози на патиштата, слаб снег на Ѓавато и Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне на Ѓавато, Крива Паланка и Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести