вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Свршеникот и пукаше во главата, па се самоуби – откако српската актерка го живее вториот живот се препороди, тренира и „ѕверски“ спорт

Свршеникот и пукаше во главата, па се самоуби – откако српската актерка го живее вториот живот се препороди, тренира и „ѕверски“ спорт

Актерката Ивана Панзаловиќ во септември 2017 година едвај спаси жива глава откако нејзиниот свршеник и пукаше во главата, па се самоуби.

По тешката ситуација таа беше оперирана, а по неколку години опоравување денес го живее речиси вториот живот од ново.

Таа долги години се занимаваше со актерството пред несреќата, а јавноста ја запозна најмногу кога нејзиниот свршеник се обиде да ја убие.

Таа неодамна откри и како се чувствува по несреќата и како размислува на сето тоа од денешна перспектива.

-Воопшто не се навраќам на тие работи. Тоа е минато за мене, се фокусирам само на иднината и не сакам да коментирам за минатото. Важно ми е тоа што го работам и на тоа сум посветена. Присутна сум само во сегашноста, и гледам само на иднината, рече таа во една прилика.

Таа долго време не се појавуваше во јавноста, а неодамна преку социјалните мрежи откри и дека е во врска и дека конечно е среќна.

Во меѓувреме му се врати и на актерството, но и на боксот кој некогаш го тренирала.

По несреќата во септември 2017 година и тешката операција на мозокот, таа сега го живее вториот живот онака како што самата го замислува, а на социјалните мрежи неретко тоа го споделува со следбениците.

Најнови вести