недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Забрана за камиони на неколку патни правци, снег врне во поголемиот дел од државата

Забрана за камиони на неколку патни правци, снег врне во поголемиот дел од државата

Се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, потегот Маврово – Дебар и обратно, и на патниот правец Струга – Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег. Во поголемиот дел од државата врне снег, а во одредени региони и дожд.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести