Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција посочи дека откако е тој министер намален бил бројот на жртви во сообраќајни несреќи.
„Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи. 2013 година сме имале 198 жртви, 2021 имаме 111 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и работата, или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР, од 2016 година до денеска имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот“, порача Спасовски, пренесе ТВ21.