вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Според Календарот на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители

Според Календарот на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители

Светиот свештеномаченик Климент, епископ Анкирски

Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и го победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и го мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари – с? што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архиереј служеше литургија. Чудата што ги изврши Свети Климент немаат број.

Тропар
Вистинската Лоза си Ти, Господи Боже наш, Кој Климента го подигна за слава Твоја и спасение на многумина. Небото и земјата ќе поминат, а величието за неговите и Агатангеловите страдања вера ќе зајакнуваат, кај верните кои нивните молитви ги просат, и Тебе Господи Те прославуваат, Кој таква светлина ни покажа на земјава, која грешникот го привлекува и по нивните молитви свети го спасува.

Шестиот Вселенски Собор

Одржан во Цариград. Првото заседание беше во 681 година, а второто во 691 година. Овој Собор ги осуди еретиците монотелити, коишто погрешно учеа дека Христос имаше само Божествена волја, без човечката. Беа донесени и неколку правила за дисциплината и редот кај свештенството.

Свети Павлин Милостив

Најпрво римски сенатор, а потоа епископ во Нола. По примерот на својот пријател Св. Амвросиј прими Крштение, а потоа се оддалечи во Пиринејските Планини во Шпанија заради подвиг. Но бидејќи ниедна светилка не може да се скрие и Св. Павлин го пронајдоа и го избраа за епископ Нолски. Беше добар и милостив пастир. Мирно се упокои во 431 година. Моштите му почиваат во Рим, во црквата на Св. Вартоломеј.

Тропар
Блажен си ти, Павлине, епископе Божји, кој умот Христов на себе го зеде, роб постана за стадото да го прибереш и пример за сите бидеш, а преку тоа Господа Го прославуваш, докажувајќи ги зборовите: кој прв сака да биде – нека биде последен и слуга на сите. Радувај се, Христов пастиру и моли се, Господовата милост гревовите наши да ги покрие.