сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Акциска контрола во угостителски објекти во гевгелиско: Запечатени угостителски објекти, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки

Акциска контрола во угостителски објекти во гевгелиско: Запечатени угостителски објекти, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки
МИА

На 05.02.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и с. Мрзенци.

При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите. Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти.

Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период.

Најнови вести