Времето утре ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -3 степени до 3 степени, а дневните од 4 до 12 степени Целзиусови.
Во вторник ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.