четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МОН тврди: Нема упад во електронските системи, информацијата на социјалните мрежи е лажна

МОН тврди: Нема упад во електронските системи, информацијата на социјалните мрежи е лажна

Министерството за образование и наука информира дека веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна.

-Видео снимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично. Системите на МОН се соодветно заштитени, се наведува во соопштението на МОН.

Министерството за образование и наука информира дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и бази на податоци со кои располагаат како институција.

-Во меѓувреме остануваме во постојана координација и продолжуваме да работиме со сите релевантни институции и органи кои работат во областа на компјутерскиот криминал и конфликти, а во насока на подигнување на безбедноста на електронските системи на уште повисоко ниво, посочуваат од Министерството.

Најнови вести