четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Познати

Tри години од сообраќајната несреќа во која автобус и ја откина раката на водителката на „Пинк“: „Се уште трпам болки“

Tри години од сообраќајната несреќа во која автобус и ја откина раката на водителката на „Пинк“: „Се уште трпам болки“

Водителката Деа Ѓурѓевиќ пред три години, на 7 февруари 2019 година доживеа сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката. Водителката отогаш трпи болки.

Таа редовно оди на терапии, но и понатаму чувствува последици од сообраќајката.

-Уште имам болки во раката, а терапијата ми помага да ја намалам болката во раката. Научив да живеам со тоа.Со оглед на тоа дека со промената на времето чувствувам болка во целото тело, се шегувам дека сум најдобар метеролог во друштвото. Одам на терапија која ми помага раката и кичмата да ми бидат функционални, вели Деа за „Информер“ и додава дека секој 7-ми јануари му се заблагодарува на Бог што е жива.

-Секој 7-ми февруари ме потсетува колку животот е драгоцен и дека секој ден ни е луксуз за кој не сме свесни додека не го изгубиме. Тоа што ќе се пробудиш во својот кревет е доволна причина за среќа. Се трудам тој ден да го поминам со оние кои ми го продолжија животот. Се трудам на различни начини да изрзам благодарност на оние кои беа тука кога требаше, вели Деа.

Водителката вели дека по сообраќајката долго време ја мачеле лоши соништа, но дека убаво спие.

-Немам повеќе кошмари. Психичката рехабилатиција помина феноменлано и затоа со задоволство советувам да се консултираат со психијатар ако имаат слични проблеми. Психичко здравје е предуслов за физичкото здравје, вели храбрата водителка.

Најнови вести