сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Македонската кандидатка дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“ – причината е шокантна

Македонската кандидатка дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“ – причината е шокантна

Македонската кандидатка дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“.

За Валери Димовска заврши годинешното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи  таа не се појавила на снимањето.

Валери за порталот „Нема забрањених“ потврди дека била дисквалифукувана.

-Бев болна кога се снимаше третиот круг и затоа сум дисквалификувана бидејќи не можев да се појавам на снимање. Ќе се пријавам следната година, изјави Валери.

Инаку, неодамна македонската кандидатка на својот Инстаграм профил напиша дека е позитивна на корона и дека не била на снимање и дека за неа тука завршува натпреварувањето, но не кажа дека била дисквалификувана од продукцијата.

Димовска беше под менторство на Ѓорѓе Давид.