понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Совршеното тело од фаталната убавица во втор план – вниманието го привлече нејзиниот ФОТОГРАФ

ФОТО: Совршеното тело од фаталната убавица во втор план – вниманието го привлече нејзиниот ФОТОГРАФ

Тина Кунаки деновиве ги поминува во Бразил, а друштво не ѝ прави само нејзиниот сопруг.

Славната убавица и овојпат привлекла големо внимание на плажа, но овојпат поради друштвото кое го повела со себе.

Додека Тина пленела во минијатурното црвено бикини, покажувајќи ја витката фигура на тело, бујните гради, рамниот стомак, сепак сето внимание го украл фотографот.

Станува збор за робот со кој Тина продолжила да се дружи по фотографирањето, што го покажала и на фотографиите на социјалната мрежа Инстаграм.

Инаку, ова не им е првпат да го минуваат времето заедно.

Дека роботот е повеќе од подготвен да помогне во различни ситуации, Тина покажала неколку пати досега на Инстаграм. Тој е подготвен со неа да ја кити елката, но и да позира за поинтересни фотографии.

Да ве потсетиме, Тина и Венсан се заедно од 2016 година, а се запознале кога манекенката имала само 19 години.

Но, разликата во годините не влијаела на нивната љубов која во 2019 година ја крунисале со раѓањето на нивната ќерка Амазонија.

Во една прилика Касел напишал дека неговата сопруга е „божествено суштество без кое не може да живее“.

Инаку, прославениот Французин пред Тина беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи, со која има две прекрасни ќерки – Дева и Леона.

Погледнете повеќе фотографии од Тина Кунаки:

Најнови вести