недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Пржинската влада се покажа нефункционална и треба да се укине, СДСМ бега од тоа бидејќи се исплашени од поразот и последните резултати

Мицевски: Пржинската влада се покажа нефункционална и треба да се укине, СДСМ бега од тоа бидејќи се исплашени од поразот и последните резултати

Пржинската влада се покажа дека не е функционална, таа можеше да се види на последното составување кога СДСМ од позиција на сила ја смени министерката Рашела Мизрахи, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ, додавајќи дека СДСМ се плаши свесна за последните резултати од локалните избори и моменталните анкети.

Мицевски потсети дека укинувањето на Пржинската влада е договорено на средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– По договорот од лидерската средба и нешто што беше договорено од двете партии СДСМ сега ретерира и е против измените. Измените во законот за Влада се одредени ставови кои треба да се избришат и да се вратиме на старото законско решение н избори од 45 до 60 дена. За жал СДСМ исплашени од последните резултати на локалните избори, на анкети кои граѓаните им ги испорачуваат токму поради лагите и манипулациите, рече Мицевски.

Мицевски истакна дека не само укинување на Пржинска влада потребни се итни предвремени парламентарни избори.

– Подобро за граѓаните и македонската економија е избори да има ден порано, колку оваа коалиција на СДСМ и ДУИ останува подолго , толку полошо за Македонија. Минималната плата нема да ги покрие тендерите на СДСМ и ДУИ и покачувањата кои се случуваат, сега имаме кризи кои придонесуваат за зголемување за сиромаштијата, изјави Мицевкси.

Најнови вести