недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Забрана за камиони на патот Тетово-Попова Шапка

Забрана за камиони на патот Тетово-Попова Шапка

Од 11:00 часот (08.02.2022) на патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести