недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Василев: Аболицијата на Иванов се уште е на сила и има правна последица, судските постапките мора да се запрат и да не се кршат законите

Василев: Аболицијата на Иванов се уште е на сила и има правна последица, судските постапките мора да се запрат и да не се кршат законите

Во интервју дадено за емисијата „Несомнено“ на Катерина Гетева, Петар Василев, адвокат на одбраната на обвинетите во случаите на Специјалното јавно обвинителство, рече дека за сите лица кои што се опфатени со аболицијата на  Претседателот Ѓорѓи Иванов донесена во април 2016 судските постапки и истраги кои се водат од страна на Специјалното јавно обвинителство или од Основното јавно обвинителство  мора да се прекинат.

Сакам да го истакнам фактот дека одбраната уште, да речам во третиот – четвртиот дена после објавување на аболицијата од страна на претседателот и имајќи предвид дека обвинителството е должно после законот со наредба да ја запре постапката кога постои ваква правна ситуација, побара од обвинителството да донеси наредба за запирање, со оглед дека ги почитуваат законите и со оглед дека сметаме дека веќе ја донеле. Но, од обвинителството не добивме таков одговор, туку добивме одговор дека тие ќе ги запрат за момент постапките, а наводно дека се најавуваа големи протести и под притисок дека претседателот ќе ја повлече аболицијата ќе си продолжиле со постапките. Вакво нешто не е предвидено во законот, а сега гледаме дека грчкиот суд а и сите други судови кои што ја почитуваат Европската конвенција за човекови права и кои ги применуваат високите европски стандарди за правично судење и почитување на правото и законите одлучуваат на тој начин, истакна Василев.

Адвокатот Василев додаде дека до судот доставиле барање за прекин на судската постапка кога ги поднесувале приговорите на обвинителните акти, но судот подолго време го занемарувало ова прашање околу аболицијата на Иванов. Според Василев паметно од страна на судот би било да донесе решение по оваа прашање.

-По мое лично мислење и по мислење на колегите од одбраната а и според мислењето на сите кои го практицираат правото, мора да се донесе одлука со која што ќе се запре постапката и ќе се отфрли обвинителниот акт, рече Василев.

За изјавата на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев дека судот треба да изгради став по однос на оваа прашање, адвокатот со став Василев.

-Јас не знам што значи тоа став како што Џолев рече дека судот треба да го изгради. Но, и да е тоа став, тој треба да биде изграден врз основа на закон. Ставови вон закон односно спротивни на законот сметам дека единствено има политичка позадина, се со цел да се задоволи нечии интерес, вели адвокатот.

За помилување на Иванов, Василев рече дека претседателот на државата согласно Уставот на Република Македонија има право на помилување.

Помилувањето е правото на претседателот согласно Уставот, со кое претседателот има право на поединец да им изрази акт на милост и со тоа во одредена фаза во постапката во кој се наоѓа кривичниот прогон да предизвика одредени правни последици. Обично тие правни последици се во интерес на обвинетите против кои се води постапката, без разлика дали се осомничени или обвинети во зависност до кој дел е стигната постапката. Тоа е негово дискреционо право, кажа Василев.

Најнови вести