петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Најголем дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои убедливо победија на изборите, произлегуваат од УМС, апелирам на поголема соработка со подмладоците од другите партии

Попов: Најголем дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои убедливо победија на изборите, произлегуваат од УМС, апелирам на поголема соработка со подмладоците од другите партии

Претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов вели дека унијата со која моментално раководи е расадник на успешни кадри и истото може да се види од последните локални избори, каде што најголемиот дел од градоначалниците кои што убедливо победиле, произлегле од УМС.

Во емисијата „Клан Дебата“ на телевизијата Клан Македонија, истакна дека тоа може да се види и кај актуелните градоначалници во општините во Градот Скопје.

„На претходните локални избори, како Унија на млади сили имавме над 350 кандидати на советничките листи, најголемиот дел од градоначалниците кои победија на тие локални избори убедливо, се млади луѓе. Сите градоначалници во Градот Скопје се млади луѓе кои потекнуваат и во минатото функционирале во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Попов.

Попов истакна дека тие како подмладок на ВМРО-ДПМНЕ имаат соработка со останатите подлабоци на другите политички партии, како што е примерот кога се изготвуваше Законот за младинско учество, но дека сепак тоа не е доволно, туку дека е потребна и апелираше на уште поголема соработка.

„Формирањето на Законот за младинско учество, чиј што текст го пишувавме заедно, Унијата на млади сили, Социјалдемократската младина, како и подмладоците на сите останати парламентарни партии. Јас апелирам и во иднина да имаме такви соработки и сум човек кој што навистина го сака тоа и мисли дека е здраво за едно општество. Ние сме една нова генерација на политичари, која што се повеќе и се повеќе треба да станува прогресивна и попрогресивна“, исткна Попов.

Попов го повика неговиот опонент од Социјалдемократскиот сојуз, Марко Михајловски ан наредна нивна средба да пишуваат закон во интерес на младите во македонското Собрание како пратеници, каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата и истиот целосно ќе го реализира, за разлика од Законот за мндинско учество кој што од страна на СДСМ и нула реализација.

„И ја користам оваа прилика на мојот опонент, следниот пат кога ќе се состанеме да пишуваме некој закон во Собранието во инетерс на младите, каде што ВМРО-ДПМНЕ како предводник на владата ќе го реализира, а не како што беше законот за младинско учество, чијашто реализација е нула“, посочи Попов.

Најнови вести