среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЗАЕВ ГАЗЕШЕ ВРЗ МОЈАТА КРВ Тоа што сме опозиција е негова одлука!

ЗАЕВ ГАЗЕШЕ ВРЗ МОЈАТА КРВ Тоа што сме опозиција е негова одлука!

Експремиерот Зоран Заев прв газеше врз мојата крв, па тоа што сме опозиција е негова одлука, рече вечерва лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, алудирајќи на настаните ос 27 април 2017 година.

– Одлуката на Алијанса за Албанците и на ВМРО-ДПМНЕ да бидат опозиција всушност беше одлука на самиот Заев, односно на човекот кој прв ја згазна мојата крв – истакна Села во емисијата „Вин-вин“ на Телма, додавајќи дека неговата партија се противи на укинувањето на Пржинската влада, оти, како што рече, Пржинската влада не си ја изврши функцијата за да може да биде укината.

Тој посочи дека не планира вечно да биде претседател на Алијанса за Албанците.

– За мене е многу важно мислењето на членството на Алијанса за Албанците и не сакам по секоја цена да бидам претседател на партијата. Јас не бегам од одговорност и јас не креирав партија од нула. Не планирам доживотно да бидам партиски лидер. И во статутот на партијата е јасно наведено дека претседател може да се биде само два мандати, а потоа си заминуваш – рече Села.

Најнови вести