сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПРОТОКОЛАРЕН СКАНДАЛ при слетувањето на авионот Софија-Скопје

ПРОТОКОЛАРЕН СКАНДАЛ при слетувањето на авионот Софија-Скопје

Неколкуте екипи на националните телевизии останаа на стотици метри оддалечени од авионот кој означи старт на авионската линија Софија-Скопје.

Снимателите на Влада, министерства и на колегите од Бугарија им беше дозволен пристап до самиот авион и делегацијата.

Од Влада велат дека не се тие организатори, а од Министерството за транспорт и врски останаа без одговор по големиот број на реакции од страна на националните медиуми

Присутни беа екипи на ТВ21, МРТ, Сител, МИА, Телма и неколку фоторепортери.

„Ги потсетуваме владините институции дека слободата за известување на новинарите не треба да биде попречена, освен во случаи кога тоа мора да се ограничи поради безбедност

Ова не е прв пат медиумите да бидат иставени дури и со километри од настанот на аеродром, а снимателите на владините институции да имаат пристап и да снимаат за Фејсбук и Тик-ток“ – порачуваат од ТВ21.

Најнови вести